Куќен притвор за скопјанец што мастурбирал во влезови и автобуси

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје на 27.02.2023 во Скопје го лишиле од слобода С.А.(30) с.Пагаруша, општина Студеничани.

-Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка куќен притвор против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило неколку кривични дела – задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, во пет наврати осомничениот 30-годишник на разни локации во Скопје, во автобуси и во влезови од згради, се самозадоволувал пред девојки, со што го сторил наведеното кривично дело.

Предлогот за куќен притвор е поднесен бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело против моралот, кое постои опасност да го повтори.​

Треба да знаете
Последни објави