Search

(Фото) Гром запали куќа во охридско Ливоишта

Опожарена куќа во охридското село Ливоишта. Според првичните информации на Противпожарната бригада, пожарот бил предизвикан од гром.

„Благодарност до членовите на ДПД Ентузијаст Охрид-Дебрца кои помогнаа во санирањето на штетите од овој пожар“, велат од Противпожарната бригада на Охрид.

Засега не е познато дали има повредени лица и дали некој имало во куќата, во моментот кога избувнал пожарот.

Треба да знаете
Последни објави