Search

Спасовски од изложбата на Лубарда: Потврдени добрите односи и плодната соработка со Црна Гора

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски

-Вечерва, на покана од амбасадорката на Црна Гора, Н.Е. Марија Петровиќ, во Музејот на современа уметност присуствував на изложба на која беше претставен сликарскиот опус на Петар Лубарда, доајен на југословенската и црногорската современа уметност, реализирана под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Петар Лубарда е еден од најпроминентните југословенски, а подоцна и црногорски сликари од првата половина на 20 век, кој го менува југословенското сликарство согласно европските и светските текови. Поствоениот период во Југославија, како и црногорските историја и пејзажи, длабоко врежани во творечката меморија на уметникот го одбележуваат творечкиот опус на Лубарда.
По катастрофалниот земјотрес од 1963 година, тој подарил дел од своите уметнички дела на Музејот за современа уметност во Скопје. Токму затоа, во годината кога се навршуваат шест децении од катастрофалниот скопски земјотрес, со оваа изложба уште еднаш се потврдуваат и добрите односи и плодната соработка помеѓу Северна Македонија и Црна Гора, вклучително и на амбасадите и министерствата за култура на двете земји.

Треба да знаете
Последни објави