Search

Мурињо казнет со два натпревара да не биде на клупата кај Рома

Забрана од два натпревари да не седи на клупата и парична казна во износ од 10.000 евра му изрече Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) на тренерот на Рома, Жозе Мурињо, за исклучувањето на вчерашниот натпревар од 24. коло во Серија А против Кремонезе, јавија попладнево локалните медиуми.

Мурињо на почетокот на второто полувреме доби црвен картон поради вербална расправија со четвртиот судија Марко Сера.

Мурињо бурно реагираше по еден дуел на теренот меѓу фудбалерот на Рома, Мараш Кумбула, со противнички играч. Португалскиот стратег побара објаснување од Сера, кој, како што објавија медиуми, му одговорил „да си ја гледа својата работа“, по што Мурињо вербално му возврати, а потоа главниот арбитер му покажа црвен картон.

Последнопласираниот тим на табелата Кремонезе ја совлада Рома со 2:1 со што ја запиша првата победа сезонава во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави