Search

Ме повикаа да го идентификувам синот по облеката и тетоважите, раскажа татко на младо момче, кое било во возот на смртта

Татко бил повикан да го идентификува својот 26-годишен син, кој се води за исчезнат по железничката несреќа во Грција. Момчето заедно со свој пријател заминало на тридневно патување во Атина, а двајцата се враќале со возот и по несреќата, им се губи трага.

Таткото што си го бара синот во Лариса рече дека неговото дете го нема на ниеден од списоците во болниците.

„Ми рекоа дека моето дете не е на ниеден од списоците што ги има во болниците“, вели таткото на момчето.

Родителот бил повикан да го идентификува синот според тетоважите и облеката.

Треба да знаете
Последни објави