(Видео) Објавени снимки од руски авиони над Бахмут, Вагнеровци: „Драго ни е што се наши“

Нападот на Русија врз Бахмут продолжува и денеска, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека интензитетот на борбите околу источниот украински град продолжува да се зголемува.

Украинскиот воен аналитичар Олех Зданов рече дека „пробивот на северното крило на Бахмут“, во кој руските трупи вчера дошле меѓу селата Беркивка и Јахидна во обид да го опколат градот, „претставува јасна закана за нив“.

Руската државна новинска агенција РИА, исто така, објави видео за кое вели дека покажува руски борбени авиони над Бахмут.

„Драго ни е што тие се наши“, вели на видеото маж идентификуван како платеник од групата Вагнер. „Авионите психолошки им помагаат на силите на Владимир Путин“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави