(Видео) Извлечено 6,5-месечно бебе од смачканиот воз во Грција

Бебе на 6,5 месечна возраст е извлечено од смачканите вагони и е хоспитализирано на хирургија на Универзитетската болница во Лариса по старшниот судар на возовите во Грција.

Истовремено, уште едно 8-годишно момче се лекува на детска хирургија во Општата болница во градот.

Според последните информации, во несреќата во Грција се повредени над 80 лица, од кои десетици се со тешки повреди. Тие се хоспитализирани во повеќе градови во земјата.

Досега животот го загубија најмалку 36 лица, а властите стравуваат дека бројките може да растат.

Треба да знаете
Последни објави