Search

Ѓоковиќ се намачи за да го победи 130-тиот на АТП листата на стартот на АТП 500 во Дубаи

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, дури по тај-брејк во третиот сет, успеа да го победи анонимниот Томас Махач, и да се пласира во второто коло на АТП 500 турнирот во Дубаи.

Првиот носител го доби првиот сет со 6-3, потоа 130-тиот на АТП листата врати со идентични 6-3, а во третиот сет двајцата направија брејк на противнички сервис, па дури во тај-брејкот се решаваше кој ќе триумфира. Откако загуби шест гејма во третиот сет, Ѓоковиќ во тај-брејкот покажа кој е кој, и го доби со 7-1.

За Новак ова беше прв меч после освојувањето на Австралијан опен. Лани Ѓоковиќ на овој турнир испадна во четвртфиналето, па сега ако стигне подалеку, ќе го зголеми бодовното конто на АТП листата.

Треба да знаете
Последни објави