Лилард постигна 71 поен, нов трипл дабл на Јокиќ

Кошаркарот на Портланд блејзерс, Демијан Лилард постигна 71 поен на натпреварот против Хјустон (131:114) одигран рано утрово.

Триесет и двегодишниот играч го повтори сезонскиот и постави личен рекорд. Лилард погоди 22 шутеви од 38 обиди, вклучувајќи 13 тројки од 22 обида. Исто така реализираше 14 од 14 слободни фрлања.

Овој резултат – 71 поен на Лилард е шести најмногу во историјата на НБА.  Тој стана осмиот играч во историјата со 70 или повеќе поени, а прв кој на еден натпревар имал 70 поени, најмалку десет постигнати тројки и по пет скока и асистенции.

На почетокот на оваа сезона, членот на Кливленд кавалирс, Донован Мичел постигна 71 поен.

Никола Јокиќ оствари трипл-дабл од 40 поени, 17 скока и 10 асистенции, а Денвер Нагетс славеа со 134:124 против ЛА Клиперс, по продолжение.

Кошаркарите на ЛА Лејкерс со неверојатен пресврт успеаја да го совладаат Далас Маверикс со 111:108. Тимот на Леброн Џејмс во втората четвртина имаше негатива од дури 27 поени (48:21),но, не се предадоа и во неизвесна завршница успеаја да слават со 111:108.

Ентони Дејвис со 30 поени и 15 скока ги предводеше Лејкерс до триумф, а одличен беше и Леброн Џејмс со 26 поени.

Кај Далас, најдобри беа Лука Дончиќ со 26 поени и Кајри Ирвинг со 21 поен и 11 скока.

Во дуелот меѓу Милвоки Бакс и Феникс Санс, славеше тимот од Источната конференција и тоа со 104:101.

Во отсуство на главните ѕвезди, Јанис Адетокумбо од едната и Кевин Дурант од другата страна, човек на одлука беше Џру Холидеј кој постигна 33 поени.

Треба да знаете
Последни објави