Search

Силекс не дозволи рокада на врвот во мак-фудбалот

Кратово повторно се покажа како тежок терен за актуелниот македонскиот фудбалски шампион Шкупи. Силекс денеска го победим Шкупи со 2:1 и не им дозволи на чаирчани да ја искористат укажаната прилика да направат рокада на врвот во мак-фудбалот каде лидерската позиција ја има Струга.

Шкендија, пак извлече тесна 1:0 победа над Победа во Тетово, додека Работнички дома претрпе разочарувачки пораз 0:1 од Брегалница.

Стефан Милосављевиќ ги донесе Силекс во водство по само четири минути игра, додека Марко Ѓорѓиевски во 30. минута го удвои водството за тимот на Горазд Михајлов. Мамаду Данфа во 57. минута даде надеж дека Шкупи може да стигне барем до поен, но до крајот на мечот не стигнаа до уште еден гол и го претрпеа само третиот пораз оваа сезона.

ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО
Скопје – Тиквеш 0:0
Работнички – Брегалница 0:1
Шкендија – Победа 1:0
Силекс – Шкупи 2:1

Вчера

Струга – Македонија ЃП 0:0

Треба да знаете
Последни објави