Search

Баерн го доби дербито со Унион Берлин и се проби на врвот во бундеслигашката конкуренција

Актуелниот фудбалски бундеслигашки првак Баерн Минхен по денешното дерби во 22. коло кое на доминантен начин го доби против Унион Берлин (3:0) се врати на лидерската позиција која ја дели со Борусија Дортмунд. Баерн и Унион Берлин денешната пресметка ја дочекаа со ист број на бодови, а баварците одиграа импресивно, во ниту еден момент не дозволувајќи им на гостите да се понадеваат дека ќе можат да приредат изненадување на „Алијанц Арена“.

Чупо Мотинг ја пропушти првата шанса во 5. минута, но камерунскиот ас затоа подобро реагираше во 31. минута, кога со прецизен удар со глава го натера голманот на Унион Берлин на капитулација. По постигнатиот гол Баерн не само што не се повлече, туку уште повеќе засили со нападите, пристап што вроди плос, па домаќините постигнаа уште два гола до крајот на полувремето, најпрвин Коман стрелаше за 2:0, а во судиското продолжение Мусиала и за 3:0.

За одбележување е дека во второто полувреме во игра за Баерн влезе и Садио Мане, кој по повеќемесечна пауза повторно ќе му биде на располагање на тренерот Јулијан Нагелсман за клучниот дел од сезоната.

Треба да знаете
Последни објави