Search

СДСМ: После капитулацијата на тема предвремени избори Мицкоски го чека нов пораз во 2024 година

Целосното заложништво на Мицкоски кон Апасиев создава феномен на политичката сцена.   

Секогаш кога Мицкоски нешто ќе најави се случува сосема спротивното.

На Божиќ оваа година Мицкоски рече дека на крајот на февруари ќе обезбеди 61 пратеник за распуштање на Собранието.

Се случи спротивното. Нема 61 пратаник Мицкоски туку има зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство.

Мицкоски рече дека во мај ќе се случеле предвремени избори. Секако дека се случи спротивното.

Нема предвремени избори, Мицкоски капитулираше уште еднаш и оваа тема е веќе затворена.

После капитулацијата со предвремните избори, Мицкоски го чека пораз и на изборите во 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави