Search

Јунајтед по пресврт ја елиминираше Барса

Одличната сезона за Манчестер јунајтед продолжува, откако на „Олд Трафорд“ во дуел на два европски гиганти, со 2:1 ја совладаа Барселона и ја елиминираа во баражот во Лига Европа. Понатаму одат и Унион Берлин по 3:1 победата над Ајакс, како и Рома, која ја надополни 0:1 разликата од првиот меч со 2:0 победа над австрискиот Ред бул Салцбург.

По фантастичниот 2:2 меч на „Ноу Камп“, Манчестер јунајтед беше фаворит на домашен терен против Барса (без Гави и Педри), но Каталонците први успеаја да дојдат во водство кога во 18. минута беше досуден пенал по фаулот на Бруно Фернандеш над Алехандро Балде, а Роберт Левандовски успеа да го совлада Давид де Хеа.

По лошото прво полувреме, Ерик Тен Хаг во игра ги внесе Антони и Алехандро Гарначо со што го смени темпото на игра. „Ѓаволите“ израмнија експресно во 47. минута со голот на Фред, пред Антони, скапото засилување на Ерик Тен Хаг, во 73. минута по вторпат да го совлада Тер Штеген.  Во последните минути од мечот, Барселона имаше фантастична шанса, но Рафаел Варан успеа да ја извади топката пред таа да влезе во голот.

На „Олимпико“, Андреа Белоти и Пауло Дибала постигнаа голови во финишот на првото полувреме, за тимот на Жозе Мурињо да го продолжи европскиот пат, додека лошата сезона за Ајакс се комплетираше со 3:1 поразот од Унион во Германија.

ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ
Манчестер јунајтед – Барселона 2:1, прв меч 2:2, вкупно 4:3
Рома – Ред бул Салцбург 2:0, прв меч 0:1, вкупно 2:1
Рен – Шахтјор Доњецк 1:0, 2:1 по продолжнија, прв меч 1:2, вкупно 3:3, 4:5 на пенали
Унион Берлин – Ајакс 3:1, прв меч 0:0, вкупно 3:1

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ
Базел – Трабзонспор 2:0, прв меч 0:1, вкупно 2:1
Фиорентина – Брага 3:2, прв меч 4:0, вкупно 7:2
Гент – Карабаг 1:0, прв меч 0:1, вкупно 1:1, 5:3 на пенали
Лех Познањ – Бодо/Глимт 1:0, прв меч 0:0, вкупно 1:0

Треба да знаете
Последни објави