Search

Членките на ЕУ без договор за нов пакет санкции против Русија

Земјите од Европската унија денеска не успеаја да се договорат за нов сет на санкции против Русија што ги планираа за првата годишнина од инвазијата на Москва на Украина, објави денеска Ројтерс.

Агенцијата наведува дека е неопходно 27-те земји-членки на ЕУ едногласно да се договорат за воведување санкции.

Цитирајќи неименуван извор, Ројтерс објави дека Полска го блокира пакетот поради предложените исклучоци од забраната за увоз на руска синтетичка гума во ЕУ, а полските дипломати, наводно, рекле дека исклучоците се толку големи што ќе ги направат санкциите неефикасни,пренесе Танјуг.

Треба да знаете
Последни објави