Search

Андоновски: Средните училишта треба да се надлежни за инфраструктурата, зошто ако Градот е надлежен тие нема да можат да сменат прозорец

Се соочуваме со проблем, а тоа е основната инфраструктура која ја има Град Скопје и која ја користат средните училишта кои се во надлежност на Град Скопје, но и други установи под Град Скопје. А тоа е дека таа, инфраструктурата не може да се дава под закуп и ја прави Одлуката неприменлива. Ние гласавме во 2022 година за оваа Одлука бидејќи мислевме процесот ќе биде попрактичен. И ова носење на Одлуката сега, оваа изменета предлог одлука е задоцнето зашто се појавија проблеми, односно децата не може да тренираат како што тренирале до сега, образложи Стефан Андоновски, советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Одлуката, објасни тој, го почитува Законот за локална самоуправа, Законот за располагање и користење на ствари во државна состојба и Законот за електронско наддавање. Со изменетата предлог одлука се менува делот што вели дека градоначалникот е надлежен за целата постапка, а што се покажа како неефикасна, а и приватниот сектор не сака да инвестира во инфраструктурата во средните училишта поточно салите, ако се носат нови одлуки секоја година.

„Градот даде мислење, а јас спорам со истото. Според Градот училиштата во инфраструктурата не можат да сменат прозорец, треба тоа да го прави преку постапка Градот. Си останува согласно предлог одлуката надзорот да го вршат надлежните сектори од Градот, и Советот преку годишните извештаи, но работата мора да ја тераат училиштата”, рече Андоновски.

Андоновски, појасни и дека не е работа на советници да пишуваат предлог одлуки и додаде „но надлежните во Градот не наоѓаат сходно да помогнат, би требало кога виделе дека истата не функционира да кажат”.

„Се виде кога се појави реален проблем, а тоа е дека деца во јануари вежбаат надвор. Значи треба да им се даде на училиштата право на трајно користење за да може полесно да функционираат, повторно контролата ќе ја има Советот за да почне постапката”, посочи Андоновски.

Треба да знаете
Последни објави