Search

Бектеши: Фирмите го прекршија договорот за намалување на цените, следуваат мерки

Министерот за економија, Крешник Бектеши, поканет во „Економски Магазин“ на Алсат, рече дека голем број компании го прекршиле договорот со Владата за намалување на цените на основните производи, како компензација за субвенционирана струја. Според Бектеш, Министерството за економија го прифатило извештајот на Пазарниот инспекторат и по завршната анализа не ја исклучува можноста неговиот ресор да ѝ предложи на Владата укинување на мерката за субвенционирање на електрична енергија.

„Имавме повеќе средби со стопанските комори, особено со секторите кои се занимаваат со производство на основни производи, каде сите дојдовме до заклучок дека Владата треба да преземе соодветни мерки за да им помогне на производителите со електрична енергија за да ги намалат цените на производи кои се нагласени во владината одлука, како што се: леб, масло, тестенини и млеко, особено за деца. Значителен дел од локалните компании, за жал, не го испочитуваа џентлменскиот договор што го постигнавме меѓу Владата и Стопанските комори. Извештајот како министер за економија го прифативме од Пазарниот инспекторат, конечниот извештај треба да се направи до крајот на овој месец. Според прелиминарните податоци, значителен дел од компаниите кои ја искористиле мерката за субвенционирање на електрична енергија, би рекол над 60 некаде до 70 отсто не ја почитувале одлуката и ги задржале истите цени, во однос на месец ноември, пред да стапи во сила одлуката за субвенционирање на електрична енергија, затоа Министерството за економија ќе ѝ предложи на Владата да донесеме одлука за укинување на оваа мерка за субвенционирање“, изјави Бектеши.

Треба да знаете
Последни објави