Search

Барселона го растури Пик Сегед, а Загреб немаше сила за изненадување против Магдебург

Актуелниот европски ракометен шампион Барселона без проблеми забележа нова победа во групната фаза од Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен во 13. коло славеше над Пик Сегед со убедливи 35:25.

Каталонците уште во првиот дел ги решија сите дилеми околу победникот добивајќи го со 20:10. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот за конечни 35:25. Дика Мем, Блаж Јанц и Лудовиц Фабрегас завршија со по пет погодоци кај победникот, додека кај поразените ист број постигна Миклош Роста.

Хрватскиот шампион ППД Загреб немаше сила за сензација против германскиот првак Магдебург. Германците стигнаа до полн плен на гостувањето во Загреб (25:31). Кај Смитс со девет гола беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените недоволни беа шесте гола на Иван Чупиќ.

Треба да знаете
Последни објави