Search

Пренџов: 61% од граѓаните сметаат дека нема демократија, затоа е време за предвремени избори 

Дека судиите треба да се соочат со казнивост, дека треба ветинг. Вакви изјави СДСМ даваа уште од 2015 збираа политички поени кај јавноста. Потоа се случи Зоран Заев и истиот тој стана претседател на тело за реформи во судството и тоа му траеше додека не си ги тргна двете пријави и тоа е нашата реалност зошто граѓаните имаа 3% доверба, изјави за „Само вистина” на Канал 5, пратеникот Љупчо Пренџов од коалицијата „За обнова на Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Анализирајќи ја последната анкета на Евротинк, Пренџов истакна дека ни 10% од гласачите на власта не ветуваат во судството и тоа е резултат на таквата политика поставена од власта и веќе е е време за предвремени избори.

– Ако ги соберете процентите на ДУИ и СДСМ и сите партии во власта, тие имаат вкупно 30%, а рејтингот и довербата и судството е 3% и тоа значи дека ниту 10% од поддржувачите на власта не веруваат во судството.  Она што е од анкетата пораз е тоа што на прашањето дали има демократија, 61% рекле дека нема демократија во Македонија. Веќе е презреано времето да излеземе пред граѓаните секој со своја понуда и да се оди на избори, секој со своја понуда, изјави Пренџов.

Во врска со скандалот во ФЗО, Пренџов нагласи дека тој фонд има двајца директори и ниту едниот ниту другиот ја удостои јавноста да каже што се случува, но власта се однесува во стилот – ние знаеме, нема што да знаат граѓаните.

– Пратеникот Костовски вика дека најважно било од се дека тоа што викала опозицијата дека биле изгубени податоците, не биле. Па затоа јавно прашувам, дали Костовски знае нешто, а граѓаните н, дали тој и СДСМ плаќаат поголем данок за да знаат повеќе од граѓаните. Ќе потсетам дека СДСМ имаа иновација министерство за транспарентност  кога се гомилаа криминали, афери, непотизам, и тоа министерство го затворија. Сакам да кажам дека однесување како Црвените кмери во Камбоџа – ние сме тие што знаеме, нема вие што да знаете, а директорката не излегува две недели, другиот директор е на Флорида пушта слики од плажи, граѓаните не знаат ништо, истакна Пренџов.

Треба да знаете
Последни објави