КИЦ до советничката Ангелова: Договорот за јавни набавки не е за реконструкција, туку за набавка на бина, озвучување и осветлување

Од Културниот информативен центар – Скопје реагираат на објавата на вест, која се однесува на советничко прашање од страна на Емилија Ангелова, советник во Град Скопје, во врска со договорот за јавни набавки и склучени договори во Културно информативниот центар – Скопје со фирмата „Арберија Дизајн“.

Како што додаваат од КИЦ, прашањето кое е поставено од страна на советничката е погрешно формулирано (дека се однесува на реконструкција). Прашањето, како што велат, се однесува на Договор за набавка на услуги за поставуање на бина, озвучување и осветлување (т.е. планот за јавна набавка), а не за реконструкција.

„ Во прилог ви го испраќаме и целосниот одговор испратен до Советот на Град Скопје, со кој се дообјаснува и се дава јасен одговор на поставеното советничко прашање:

1. Средствата на кои се повикувате во висина од 1.062.000 се однесуваат на Договор за набавка на услуги за поставуање на бина, озвучување и осветлување т.е. план за јавна набавка, кој не значи дека ќе бидат реализирани во целост во текот на годината.

2. Во самото прашање се споменува и договор за реконструкција, што како информација e неточно. Договорот се однесува исклучиво на набавка на услуги за поставуање на бина, озвучување и осветлување. КИЦ во иминатата година нема добиено средства за реконструкција, ниту распишано јавна набвка за реконструкција, ниту изведувал некакви реконструкциски зафати.

3. Културно информативен центар – Скопје секоја година прави план за јавна набавка на опрема за поголемите манифестации според проценките за потребите на програмата за следната година (во случајот од страна на претходното раководство на установата), а минатата година во максимална висина на договорот од 900.000 ден. За 2022 тоа беа две манифестации: „Сите заедно, за сите поубаво“ во месец мај (за кој исто така беше побарана опремата од Униврзална сала) и „Звуците на чршијата“ во септември.

4. „Звуците на чаршијата“ е организациски захтевен и гломазен фестивал во траење од два дена, кој се одвиваше на две сцени, од кои едната (помалата сцена и опрема за истата) беше побарана и позајмена од Универзална сала (барање за користење техничка опрема во прилог).

5. Големата сцена на која настапуваше хедлајнерот т.е. ѕвездата на фестивалот „КОНСТРАКТА“ на Плоштадот Мајка Тереза, беше изнајмена врз основа на договорот за јавна набавка од Arberia Design (копија од фактура со спецификација на опремата во прилог). За овој дел од настанот бината и опремата на Универзална сала не може да одговори на потребите на групата која настапуваше. Секоја група за својот настап до организаторот испраќа своја „рајдер листа“ т.е. техничка спецификација/потреби, а врз основа на нивните барања се прави изнајмување на соодветната опрема.

6. Конечно, дел од средствата наменети за сцена и опрема беа одобрени од Министерството за култура и тоа во висина од 500.000 денари (барање до министерство во прилог).

7. Програмата за култура на КИЦ, како и капиталните инвестиции и нивната висина како информација им се познати на советниците, бидејќи тие учестуваат во нивното одобрување т.е. гласање“ се наведува во демантот на КИЦ.

Треба да знаете
Последни објави