Search

Пенков: Власта од „реформи” во администрацијата единствено ја преполни со партиски војници

„Она што мене ме интересира и на што ќе се задржам на оваа говорница денес е изминатите шест години што фактички се случи со онаа бомбастична најава за реформи во администрација. Значи едно од главните ветувања пред да се дојде на власт е дека кога ќе настапи на власт Социјалдемократскиот сојуз веднаш ќе настапат реформи во администрацијата. Да го видиме резултатот, кој е тој резултат на тие реформи. По дефиниција реформата значи подобрување или измена на нешто што не е добро, нешто што треба да се промени. Нешто што треба да се направи, да се измени. Еве што е направено, најголема реформа во администрацијата е како да се вработат партиските војници на Социјалдемократскиот сојуз и на ДУИ, неисполнувајќи ги критериумите за работните места”, истакна Златко Пенков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Пенков додаде дека власта вдоми многу партиски војници во администрацијата.

„И тоа ги вдоми власта со стотици промени на систематизации, со еден јавен оглас, уништување на тој јавен оглас, па повторно друг јавен оглас, и така се додека не се вдоми партискиот војник”, појасни Пенков. 

Пратеникот посочи дека откако партискиот војник ќе биде вработен, тогаш започнува друга етапа, а таа е да се зголеми коефициентот на сложеност за да може да биде скапо платен. Партискиот војник на власта не работи за државата и за народот туку работи за партијата. Но, наместо тој вработен да го плаќа партијата, го плаќа државата.

„Што е директна последица на овој начин на „реформирање” на јавната администрација? Енормно зголемување на бројот на административци. Денеска јас сум сигурен дека точниот број ниту еден припадник на Владата на Република Македонија не го знае. Тоа го знаат граѓаните кои што секојдневно се на шалтерите, и по канцелариите на министерствата каде што до скоро, до пред неколку години имаше еден или двајца вработени, а сега имаме пет. И кога треба банална работа да се заврши, да се добие отпусна листа или да се добие некој Уверение, од тие сите пет присутни лица во канцеларија сее повикуваат на шестиот, кој што наводно не е овде денес туку е на годишен одмор”, рече Пенков.

Треба да знаете
Последни објави