Search

Зеленски: За нас е важно Кина да не ја поддржува Русија, тоа ќе предизвика трета светска војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е важно Кина да не ја поддржува Русија, бидејќи, додава, здружувањето на тие две земји би довело до нова светска војна.

– За нас е важно Кина да не ја поддржува Русија во оваа војна. Всушност, посакувам Кина да беше на наша страна. Во моментов, сепак, верувам дека тоа не е можно – изјави Зеленски за германски „Велт“, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека се уште гледа можност за прагматичен пристап на Кина кон она што се случува во Украина.

– Ако Кина ги здружи силите со Русија, тоа би било трета светска војна, сигурен сум дека Пекинг е свесен за тоа – истакна Зеленски,пренесе Блиц.рс.

Треба да знаете
Последни објави