Search

Фудбалски терен во Турција претворен во гробишта: „Чекавме да ги земеме телата кои останаа под урнатините“

о турскиот град Пазарчик фудбалското игралиште беше претворено во гробишта за жртвите од разорниот земјотрес од 6 февруари, јави турската ТРТ.

Стативите сепак останаа на своето место, но теренот беше проширен за гробните места. Врз секој ископан гроб ставена е дрвена даска што го означува истиот датум на смртта – 6 февруари 2023 година – кога овој град беше разурнат од најсмртоносниот земјотрес во модерната историја на Турција.

„Чекавме 10 дена за да ги добиеме телата на починатите кои останаа под урнатините“ изјави Хусеин Акис, која ја закопа внуката, покрај нејзиниот сопруг и двата сина.

Сцените од Пазарчик ја прикажуваат голготата на луѓето кои се обидуваат да ги најдат и погребат своите најблиски, жртви на земјотресот, во кој загинаа повеќе од 47.000 луѓе во Турција и соседна Сирија.

На гробиштата на Кахраманмараш, неколку илјади нови гробници брзо го надминаа бројот на стари гробови што беа таму пред земјотресот, што само ги илустрира размерите на катастрофата.

Се подигаат и шатори за да се вршат исламски постхумни ритуали, а телата се обвиткуваат во покривки.

Треба да знаете
Последни објави