Search

Не можел да и’ ja извлече чантата, па ја истепал – се бара притвор за велешанец поради разбојништво

Основното јавно обвинителство Велес поведе истрага против 30-годишен велешанец поради разбојништво.

Пред два дена, кај местото викано „Сточно пазариште“, се приближил од зад грб на една жена, ја повлекол за чантата и почнал да ја влече. Бидејќи не можел да ѝ ја оттргне, ја удрил по окото и устата, нанесувајќи ѝ телесни повреди, ѝ ги скршил очилата, па ја турнал на земја.

Од оштетената ја одзел чантата со паричник во кој имало околу 300 денари, 20 евра и лични документи.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведокот/оштетената или да го повтори делото.​

Треба да знаете
Последни објави