Search

Бубевски признава дека вината за ниската доверба во судството во земјава лежи во нас самите

Аболиции, законски измени и низа други крупни одлуки што беа донесени изминатите години влијаеа на постапувањата на правосудните органи, вели основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски за Радио Слободна Европа.  Сепак тој  признава дека најголем дел од вината за ниската доверба во судството во земјава е „во сопствените редови“.

– Би можеле и цел ден да зборуваме за тоа кои се причините и веројатно поголемиот дел од граѓаните во оваа држава сакаме да имаме еден праведен и правичен систем во којшто ќе имаме одговорност за сите, но за жал последните години не само по вина на правосудните органи се донесоа прилично крупни одлуки во оваа држава коишто на еден начин ги засегнаа постапувањата на правосудните органи, како на пример: амнестии, законски норми и др…кои имплицираат постапувања на правосудните органи во насока на тоа луѓето да го доживуваат тоа како нефункцонирање на правдата. Тоа е едниот аспект. Но, веројатно најголем дел од вината лежи во нас самите, но сметам дека сега е моментот ние како правосудна фела да се издигнеме над сето ова, бидејќи јавноста очекува од сето тоа нешто да биде – вели Бубевски.

Според јавниот обвинител Гаврил Бубевски застареноста на делото за Даравелски е веќе завршена работа, но конфискација на имотот не зависи од застарувањето. Тој вели дека за него реална е опасноста поранешниот шеф на УБК Мијалков да се спаси од казната во „Титаник 2“, но се надева дека нема да застарат предметите „Таргет-тврдина“ и „Трезор“ во кои исто така тој е еден од обвинетите. Бубевски не очекува со супервештачењето, вината за автобуската несреќа кај Ласкарци да падне само врз возачот.

Треба да знаете
Последни објави