Search

Халанд се изнапромашува „граѓните“ не победија

Манчестер сити го победи Арсенал во дербито за врвот во Лондон, но не и Нотингем форест (1:1), па е симнат од лидерската позиција во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција. Норвешкиот фудбалски интернационалец Ерлинг Халанд кој бележеше постигнувања за респект откако пристигна во Премиер лигата, го имаше своето најлоше издание. Халанд се изнапромаши по што Вуд казни и израмни на 1:1 за поделба на бодовите и огромно незадоволство кај тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола по гостувањето кај Нотингем.

Арсенал се извлече на гостувањето на „Вила Парк“ совладувајќи ја Астон Вила со 2:4 за враќање на врво. По овој расплет, Арсенал има 2 бода повеќе од Сити, но и натпревар помалку.

Челси продолжува да ниже лоши резултати во Премиерлигата иако во јануарскиот преоден рок инвестираше многу пари. Денеска загуби од Саутемптон кој е на последното место на табелата.

Ворд-Праус во судиското продолжение од првото полувреме постигна гол од слободен удар кој беше единствен на мечот, Саутемптон победи со 1:0.

Во финишот од мечот Аспиликуета заработи тешка повреда на главата, беше во безознание, откако долго време му беше укажувана помош на теренот, беше однесен во болница.

Евертон под водство на Дајч додаде нова победа, го совладаа Лидс со 1:0 со гол на Колман.

Со 1:0 заблежа победа и Борнмут на гостувањето кај Вулвс, а на таков начин целиот плен го освои и Фулам кај Брајтон. Брентфорд и Кристал Палас одиграа нерешено 1:1.

Треба да знаете
Последни објави