Search

Само Вардар од екипите при врвот не победи

Eкипите од врвот на второлигашката фудбалска конкуренција Гостивар, Пелистер и Воска забележаа победи на стартот од пролетниот дел, а Вардар ремизираше.

На „Тумбе Кафе“ Пелистер го совлада Кожуф со 5:0, додека Воска Спорт беше подобра од Караорман со 4:1.

Вардар во Автокоманда ремизираше со Арсими. Дарко Мицевски по половина час игра не реализираше пенал, а само четири минути подоцна Абдија донесе предност за Арсими. Вардар израмни со голот на Десниќ на 20 минути пред крајот.

Ринор Ајдини донесе победа за лидерот Гостивар против Пехчево (1:0). Тетекс кој со многу промени го стартуваше вториот дел доведувајќи дури 13 нови фудбалери го победи Охрид со 2:0, Беласица го доби Детонит со 2:1, а Слога Виница со 4:0 го совлада Борец.

Треба да знаете
Последни објави