Search

Прв куп трофеј за кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром

Женскиот кошаркарски тим на МЗТ Скопје Аеродром за прв пат во своето постоењето стигна до трофејот во Купот на Македонија. „Сино-белите“ од Аеродром вечерва во финалето го совладаа бранителот на трофејот, Баскет Кам од Македонска Каменица со 75:60.

Ретки се тие моменти, но се случуваат. Екипа која за прв пат уествува на завршниот турнир од Купот на Македонија, да го освои, макар и во женска конкуренција.

МЗТ целото финале го одигра со една петорка. Американките Ли и Симонс, потпомогнати од Живковиќ, Митрева и Митева ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено се радуваа.

Оливија Ли со 27 и Џое Симонс со 24 беа најефикасни во победничката екипа, Марија Николов со 23 и Елена Тасевска со 15 се истакнаа кај Баскет кам.

Симонс е прогласен за МВП на турнирот.

Вечер од 19:30 часот, исто така во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе се игра машкото финале во кое се среќаваат МЗТ Скопје Аеродром и Феникс. 

Треба да знаете
Последни објави