Search

Почина затвореник од Идризово

Осуденик М.С. на 55-годишна возраст од Скопје, кој издржувал затворска казна во затворот „Идризово“, починал денеска во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-На 18.02.2023 во 03.48 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека осуденото лице М.С.(55) од Скопје, кој издржувал затворска казна во установата, починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција – се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави