Search

Нов силен земјотрес регистриран во централниот дел на Турција

Нов силен земјотрес со јачина со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централниот дел на Турција, јавува новинаската агенција Ројтерс, повикувајќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). 

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 54 километри северозападно од градот Кахраманмараш.   

Засега нема извештаи за штети или жртви. 

Кахраманмараш беше еден од градовите во истоимениот регион тешко погодени од земјотресот што на 6 февруари се случи во Турција со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а кој освен во Турција однесе голем број жртви и предизвика материјална штета и во Сирија.

Како последица на земјотресот досега во двете земји се пријавени над 41 000 загинати, а илјадници други се повредени.  Според проценките на Обединетите нации, бројот на загинати во земјотресот би можел да надмине 50 000.

Треба да знаете
Последни објави