Нејмар во Челзи за 60 милиони евра

Нејмар е на чекор до трансфер во Челзи. Двата клуба веќе подолго време се во контакт, а наводно е договорена и цена. Според тврдењата на шпанските и англиските медиуми, ПСЖ е подготвен да се откаже од својата ѕвезда за 60 милиони евра.

Тоа е речиси четири пати помалку од сумата што ја одвоија за неговиот трансфер од Барселона. 222-те милиони евра кои ПСЖ ги плати за Нејмар и понатаму е веројатно најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.

Деновите на Нејмар во ПСЖ се избројани. Се појасно е дека неговата иднина е далеку од Париз. На шеиците им е преку глава од неговото однесување и сега прават се за да го продадат.

За лошите односи во соблекувалната на ПСЖ со години се пишува и се зборува, а судирот на ѕвезди доби ново продолжение. Имено, само еден ден откако Килијан Мбапе изјави дека пред реваншот против Баерн во Минхен, сите играчи мора да „јадат здраво и добро да спијат“, Нејмар посетил ресторан за брза храна, па со пријателите бил на покер турнир доцна во ноќта.

Со тој потег јасно му порачал на Мбапе дека тој не е шеф на соблекувалната.

Треба да знаете
Последни објави