Search

Мхитаријан и Лаутаро во финишот го матираа Удинезе

Фудбалерите на Интер се вратија на второто место во италијанската Серија А, откако вечерва со 3:1 го победија Удинезе. Македонски интернационалец Илија Несторовски поради повреда не беше во тимот од Удине.

Интер отпорот на Удинезе го скрши во последните 15 минути од натпреварот со головите на Мхитаријан во 73. и Лаутаро Мартинез во 89.минута.

Претходно првиот дел заврши со резултат 1:1. Лукаку од пенал погоди за Интер, а израмни Ловриќ.

Интер на вторто место сега има 47 бода, три повеќе од Милан. На врвот е Наполи со 62 бода.

Треба да знаете
Последни објави