Search

Роналдо со две асистенции го режираше новиот триумф на Ал-Наср

Португалскиот фудбалски интернационалец Кристијано Роналдо од натпреавр во натпревар успешнпо го минува периодот на аклиматизација во Саудиска Арабија и игра заначајна улога во тимот на Ал-Наср каде пристигна неодамна. Искусниот Роналдо одигра главна улога како асистент во новата победа на Ал-Наср во 17. коло од првенството против Ал-Тавон (2:1). Со новата победа Ал-Наср се искачи на врвот од табелата со 40 бодови, колку што имаат и екипите на Ал-Итихад и Ал-Шабаб.

Ако во претходното коло Роналдо даде дури четири гола, овојпат Португалецот се фокусираше на асистенциите. Тој беше играчот кој додаваше до фудбалерите кои реализираа за Ал-Наср.

Во 17 минута Роналдо имаше фантастично додавање од 30-тина метри кога во празно го пронајде Хабед, кој погоди за 1:0.

На почетокот на вториот дел Медран израмни на 1:1, а гостите постигнаа и втор погодок во 68 минута, но за среќа на Ал-Наср беше поништен поради офсајд.

Во 78 минута, Ал-Наср втор пат се израдува кога погоди Маду и тоа повторно на асистенција на Роналдо. Интересно е дека Роналдо во оваа ситуација воопшто не сакаше да асистира тука да го смени правецот на топката кон голот, но лошо ја зафати топката, таа среќно заврши кај Маду кој погоди.

Судиите покажаа дека Роналдо е во офсајд, но по ВАР проверката, беше потврдено дека погодокот е регуларен и дека Португалецот бил во дозволена позиција при најнеобичната негова асистенција за гол.

Треба да знаете
Последни објави