Search

И Миленко се шегува за белиот коњ на Груевски

Одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур по однос на аболицијата на Ѓорге Иванов денеска е топ тема во државата.

Од судот во Стразбур лицата кои беа опфатени со аболицијата очекуваа поништување на предметите и случаите, а со тоа и на пресудите.

Во јавноста со месеци се зборуваше дека предметите можат да пропаднат што ќе значело укинување на пресудите и ослободување на сите осудени лица, па дури и враќање на Никола Груевски на бел коњ под Триумфалната капија.

Сепак тоа не се случи, а на социјалните мрежи се објавуваат бројни шеговити коментари.

Еден од нив е и на Миленко Неделковски некогашен докажан пропагандист на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, кој по објавата на фотографија со бел коњ прашува дали коњот треба да се врати во штала.

Треба да знаете
Последни објави