Гирма го собори рекордот на 3.000 метри во сала

Етиопјанецот Ламеха Гирма постави нов светски рекорд во сала на 3.000 метри на атлетскиот митинг одржан синоќа во француски Левин.

Гирма ја истрча патеката во време од 7:23, 81 минута и за 1.09 секунди го надмина досегашниот рекорд на Кениецот Даниел Комен.

Претходниот рекорд опстојуваше 25 години

Гирма (22) е олимписки вицешампион на 3.000 метри од Игрите 2020 во Токио. 

Треба да знаете
Последни објави