Search

Koлева: ВМРО-ДПМНЕ се противеше на мерките Мој ДДВ и субвенциониран студентски оброк

Во реплика на денешната седница пратеничката Даниела Колева посочи дека за разлика од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните беа расипнички трошени, кога граѓаните беа задолжени и осиромашени, СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата презема конкретни чекори за унапредување на стандардот  на сите категории граѓани.

„Во изминативе години воведовме многу нови мерки, кои за вас пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се важни и не ги поддржувате. Така е со субвенционираниот студентски оброк за 30.000 студенти, како што е со недела неработен ден. Воведовме Мој ДДВ каде парите ги враќаме директно кај граѓаните, имаме 720 образовани асистенти за кои воопшто не ви беше грижа” порача Колева.

Колева посочи дека ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави над 100 руинирани училишта, а сега секоја година се реконструираат по 110 училишта и дека се обезбедени 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локални патишта. 

Треба да знаете
Последни објави