Денеска, на покана од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во Тиквешкиот регион присуствував на традиционално закројување на лозја во атарот на селото Ресава, Општина Кавадарци, а по повод празникот Свети Трифун, заштитникот на лозарите напиша Спасовски.
Почитувани граѓани,
Почитувани лозари и винари,
Во свое и во име на МВР ви го честитам празникот Свети Трифун, со желба за плодна и бериќетна сезона на македонската винова лоза .
На денешниот голем христијански празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите и градинарите, започнува кроењето на виновата лоза, традиција која симболично го означува почетокот од новата реколта на производство на грозје.
Посакувам квалитетен и богат род за лозаропроизводителите и квалитетно вино за македонските винарии.
Како Влада продолжуваме со партнерскиот однос со лозарите за поголема конкурентност на македонските вина на светските пазари.
Нека е за многу години!