Search

16-годишниот Заир-Емери од ПСЖ е најмладиот фудбалер кој стартувал натпревар во нокаут фаза на ЛШ

Пари Сен Жермен го игра првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите против германскиот Баерн Минхен.

Килијан Мбапе влезе во игра во второто полувреме поради повредата со која се мачеше изминатиот период, а неговото место во нападот на „светците“ го зазема Ворен Заир-Емери.
Со овој настап Заир-Емери е најмладиот фудбалер во историјата на елитното натпреварување кој стартувал натпревар во нокаут фаза. Заир-Емери во моментов има 16 години и 343 дена.
Тинејџерот одигра 56 минути кога беше заменет со Фабиан Руиз.

Гостите водат со 0:1 со голот на Коман во 53. минута.

Треба да знаете
Последни објави