Традиционално закројување на лозјето во с.Кучково

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска присуствуваше на чинот на закројување лозје кај црквата Св.„Трифун“ во с.Кучково по повод истоимениот православен празник.

Овој празник е од големо значење за жителите на селото Кучково. Продолжувањето на оваа вековна македонска традиција, како што истакна Стојкоски е со желби за бериќетна и плодна година за род на грозјето.

-Овој празник е од особено значење за моите сожители од Кучково, посебно за градинарите и лозарите. Општина Ѓорче Петров традиционално, секоја година, се вклучува во одбележување на денот на кој секогаш му претходи литургија во црквата Св.„Трифун“. Нека е плодна годината и за многу години празникот – рече Стојкоски по настанот.

Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето. Според православната црква, Св.Трифун ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи.

Треба да знаете
Последни објави