Search

Спасена 26-годишна жена 201 час по земјотресот

26-годишна жена, која остана под урнатините на зграда во Хатај, спасена е 201 час по земјотресот што во понеделникот минатата недела ги погоди јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.

Бројни тимови продолжуваат со напорите за пребарување и спасување во градот Антакија во Хатај.

Припадниците на рударскиот спасувачки тим денес, по огромни напори, успеаја да ја спасат 26-годишната просветна работничка Емине Акѓул од урнатините на станбена зграда.

По спасувањето, жената со амбулантно возило веднаш е префрлена во болница.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш, а бројни спасувачки тимови сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Во земјотресите во Туркије според последните податоци животот го изгубија најмалку 31.974 луѓе, а над 80.000 се повредени.

Треба да знаете
Последни објави