Search

Се работи со добавувачите за директна набавка на „трикафта“ по пониска цена, уверува Ковачевски

Пет дена откако соопшти дека парите за набавка на „трикафта“ за најитните пациенти се обезбедени и дека нема да дозволи да почине уште еден пациент со цистична фиброза, премиерот Димитар Ковачевски вели дека се преговара за набавка на лекот. Министерството за здравство, Фондот за здравство и Клиниката за пулмологија и Клиниката за детски болести работата на набавка на лекот. Тој не кажа кога најрано би стигнал лекот кај пациентите иако пред пет дена беше згрозен сложените и бирократски процедури. Неговиот одговор денес на прашањето за набавката на „тиркафта“ беше дека во наредниот период сите работи ќе бидат завршени.

„Министерството за здравство и Фондот за здравство заедно со клиниките кои се задолжени за овие пациенти веќе работат со потенцијални добавувачи, а работната група веќе работи на промена на законите со цел да се обезбеди можност за директно купување на лековите од производителот кој произведува патентиран лек. Со тоа лекот ќе може да биде достапен по пониска цена од онаа што ја има во моментов. Еден лек е 330 илјади евра. Дополнително на тоа  на состанок што го имав со Асоцијацијата на нашите граѓани кои имаат цистична фиброза, се договоривме да се направи протокол и процедура во однос на лекувањето на сите пациенти кои ја имаат оваа болест. Сметам дека во наредниот период сите работи ќе бидат завршени и дека ќе може и овие пациенти кои што навистина им е потребна помош како и на секој друг пациент да биде овој проблем решен“, рече премиерот Ковачевски.

Во петокот Владата соопшти дека се обезбедени 2,2 милиони евра од буџетот за набавка на „трикафата“ за најитните пациенти откако почина Благојче Илиевски, пациент кој две години се бореше да издејствува лекот да биде донесен кај нас.

Треба да знаете
Последни објави