Search

Милан со минимален триумф против Тотенхем 

Во вториот осминафинален натпревар, Милан со 1:0 го совлада Тотенхем.

Росонерите поведоа на самиот старт од средбата, во седмата минута преку Брахим Дијаз кој со 23 години стана најмладиот стрелец на Милан во нокаут-фазата од Лигата на шампионите по Рикардо Кака од 2004 година.

Тој гол им донесе победа и предност за реваншот на „Вајт Харт Лејн“ против Тотнем во пресметката која воглавно беше егал.
По постигнатиот гол Милан не ризикуваше, а гостите главно слабо се обидуваа да се пробијат од десната страна преку Кулушевски. Ернандез и Тиау наизменично го следеа Македонецот од Шведска, па Тотенхем практично не претставуваше никаква опасност во првото полувреме.

Тотенхем влезе нешто подинамично во продолжението, но Конте не најде лек за дисциплинираната одбрана на Милан.

Домаќините имаа уште две шанси преку Шарл Де Кетеларе и Рафаел Леао за поголема победа во завршните 20-на минути од мечот.

Треба да знаете
Последни објави