Search

Лажна е пријавата за поставена бомба во средно училиште во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (14.02.2023) во 16.15 часот завршија потребните проверки во врска со денешната пријава со закана за поставена експлозивна направа, по добиените пораки на приватни електронски адреси на 14 професори во средно училиште во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање, а потоа е извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Треба да знаете
Последни објави