Search

ДОМ нема да излезе од власта: Не ни е важно која партија колку министерски и директорски позиции добила

ДОМ не излегува од коалицијата со СДСМ. Лидерката на партијата и пратеничка, Маја Морачанин одлуката за останување во коалицијата ја оправдува со програмските приоритети кои ги имаат за остварување. Според неа, не им се важни функционерските позиции кои ги добиваат како дел од власта. Одлуката е донесена на состанок на Централниот одбор на партијата.

„ДОМ, ниту кога во Владата се водеа преговори со Алтернатива, ниту сега со Алијанса за Албаниците, не условувал со број на функционерски позиции. Впрочем за тоа говори фактот што од 2020 година, по парламентарните избори, ДОМ учествува во Владата, со една заменичка министерка и нема никаква промена по однос на функционерските позиции на ДОМ. За нас од суштинска важност е реализирањето на програмските приоритети, а не која партија колку министерски, заменик министерски и директорски позиции добила“, вели Морачанин за „Макфакс“.

Таа додава и дека во тек се дебати во рамките на органите на паритијата.

„Ние сме конзистентни по нашиот став јавно искажан, во декември 2021: фокусот на работата на новата Влада мора да биде насочен дома, на спроведување реформи и обезбедување подобар квалитет на живот на македонските граѓани. Секако, членството на Македонија во ЕУ, е наша стратешка цел, за која за разлика од некои други општествено политички фактори кои популистички ги манипулираат граѓаните, ние посветено и аргументирано дејствуваме за нашата земја и целиот регион на Западен Балкан што побрзо станат дел од Европското семејство“, додава таа за „Макфакс“.

Од коалицијата со СДСМ излезе Алтернатива, а по нив и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.

Треба да знаете
Последни објави