Search

Денес се празнуваат два празника- Св. Трифун, денот на виното и Св. Валентин, денот на вљубените

Православните верници денеска го празнуваат, заштитникот на лозјата и овошките

На Св. Трифун, согласно обичаите и традицијата, се попрскуваат лозјата со светена вода и се поткаструваат сѐ уште незапупените гранчиња. Се верува дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме.

Празникот традиционално го одбележуваат лозарите, надевајќи се дека светецот ќе им помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино. Свети Трифун, заштитникот на лозјата, традиционално со големи веселби се одбележува во Тиквешијата, каде што вљубениците на доброто вино имаат можност да го вкусат пијалокот на боговите.

Истовремено, католиците го прославуваат Св. Валентин, денот на вљубените.

Треба да знаете
Последни објави