Search

Вучиќ донесе одлука за зголемување на бројот на специјалните единици

Српскиот претседател Александар Вучиќ донесе одлука за зголемување на бројот на специјалните единици во Србија.

Одлуката за организациска надградба на специјалните сили на Војската на Србија содржи повеќе елементи.

Еден од нив се однесува на проширувањето на воената организација на Специјалците на Војската на Србија до проектираниот број.

За извршување на оваа одлука министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија ќе ги донесат потребните акти, а самата одлука ќе стапи во сила со денот на нејзиното донесување.

Треба да знаете
Последни објави