Search

АВМУ: Недолични се зборовите што пратеникот Димитар Апасиев ги упати кон новинарот Љупчо Златев на социјалните мрежи 

Во врска со недоличните зборови на пратеникот Димитар Апасиев упатени кон новинарот Љупчо Златев на социјалната мрежа „Фејсбук“, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека носителите на јавни функции треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на достоинството на медиумските работници.

Сите, а особено политичарите и носителите на јавни функции треба да се воздржат од омаловажување, навредување и непримерна комуникација и јавните дебати треба да ги водат со аргументи, меѓусебно почитување и на јазик којшто ги промовира демократските вредности.

Треба да знаете
Последни објави