Search

Протести во Тирана: Демонстрантите и полицијата се судрија пред парламентот, бараат оставка од Еди Рама

Демонстрантите пред парламентот во Тирана се судрија со полицијата откако ја опколија зградата, пишува ,,Албаниан дејли њуз”.

Тие фрлаа пиротехнички средства кон зградата и побараа оставка од премиерот Еди Рама.

Ова се втори протести откако поранешниот премиер Сали Бериша најави бран демонстрации додека Рама не поднесе оставка.

Пратениците на Демократската партија на Албанија, Сали Бериша, Фљамур Нока, Лучијано Бочи се обиделе да влезат во просториите на парламентот, но биле спречени на влезот, бидејќи на последната седница биле исклучени поради прекршување на собраниската регулатива.

Во еден момент снемало струја во собранието, но напојувањето било вратено,пренесе Блиц.рс.

Треба да знаете
Последни објави