Search

Почина спортскиот новинар Зоран Поповски

Денеска во Скопје на 54-годишна возраст ненадејно почина новинарот Зоран Поповски.

Тој беше дел од порталот Спорт Манија од првиот ден на формирањето, а од таму велат дека со шок и неверување ја примиле веста.

Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како А1, „Дневник“, „Македонски спорт“, „Спортмедиа“, „Република“, а од летото 2018 година беше во Спортманија.

Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, во 13 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 12 часот.

Треба да знаете
Последни објави