Волкановски: Победив во три рунди и изненанден сум оти не завршив со крената рака !

Австарлискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски иако загуби од шампионот Ислам Махачев, ги воодушеви љубителите на УФЦ борбите во своето деби во една категорија погоре (лесна). Според многумина, токму Волкановски требаше да биде победник во највозбудливата борба.

Волкановски кој беше предизвикувачот на шампионот Махачев зададе многу тешки удари, но тројцата судии на крајот имаа едногласна одлука и победата му ја доделија на бранителот на титулата.

Популарниот Алекс спортски го прифати поразот веднаш по крајот на борбата и двајцата борци изреагираа навистина џентлменски, но откако ја изгледал борбата, Волкановски е убеден дека тој требал да заврши со подигнати раце.

Австралиецот се огласи преку социјалните мрежи со кратка објава, со која воедно побара брзо да се организира реванш против истиот противник.

– Самошто ја гледав борбата, дефинитивно мислам дека победив во 2-та, 3-та и 5-та рунда. Изненаден сум што не завршив со крената рака! Да режираме реванш, било каде и било кога, – порача Волкановски.

Треба да знаете
Последни објави