Search

Урнатина ги поклопи турските спасувачи додека се обидуваа да помогнат

На видеото што се појави на интернет се гледаат турски спасувачи кои се обидуваат да извлечат луѓе од под урнатините, но во еден момент над нив се урна дел од веќе разурнат објект. Затрупан останал само еден член од спасувачката екипа, кој за кратко време бил спасен од своите колеги. Како што известуваат турските медиуми, спасувачот Батухан Туген е во добра здравствена состојба и веднаш продолжил со спасувачките напори.

Треба да знаете
Последни објави